Будимпешта од дипломатски и разузнавачки извори знае дека Украина, по налог на Соединетите Американски Држави, не потпишала го потпишала предлог мировниот договор во Истанбул во март 2022-ра година, изјавил унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Според неговите зборови, во дипломатскиот свет е добро познато тоа што претходно го изјавил поранешниот германски канцелар Герхард Шредер за преговорите меѓу Русија и Украина во март 2022-ра година, иако тоа официјалните германски власти не го потврдиле.
„Знаеме од различни извештаи и разузнавачки извори дека во 2022-ра година во Истанбул, каде што се одржани затворени преговори, постоел договор, кој, според дипломатските гласини, Украинците не го потпишале по инструкции на САД“, рекол Орбан за радио „Кошут“.
Претходно Шредер изјавил дека Киев бил подготвен да прифати мировен договор со Русија во март 2022-ра година, но тоа не било остварено поради притисокот од Вашингтон.
Портпаролот на Кремљ претходно за „РТ Арабик“ изјавил дека Русија има политичка волја и подготвеност за дијалог со Киев, но за тоа нема основа.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски оценил дека преговори меѓу Москва и Киев се невозможни додека руската војска се наоѓа на територијата на Украина.