Унгарија не може во сегашната форма да го поддржи новиот пакет санкции на Европската унија против Русија, којшто вклучува ембарго на увозот на руската нафта, изјави премиерот Виктор Орбан во петокот.
Унгарскиот премиер сегашниот предлог на Европската комисија за забрана на увозот на руска нафта го претставува „атомска бомба“ фрлена врз унгарската економија, и додава дека Унгарија е подготвена да преговара доколку види нов предлог кој би ги исполнувал унгарските интереси.
Според Орбан, на Будимпешта ќе ѝ бидат потребни „најмалку пет години, како и пари, за да можеме да се реорганизиране во поинаков ред и да ги престроиме капацитетите“.
Извршното тело на Европската унија во средата предложи досега најстрог шести пакет санкции против Русија поради нејзината воена операција во Украина. Но неколку земји загрижени поради влијанието што прекинувањето на увозот на руската нафта би го имало врз нивните економии, го спречија договорот.
„Шефицата на Европската комисија го игнорира фактот дека земјите од ЕУ се во сосема различни услови и дава предлог кој ги игнорира поединечните параметри на земјите. Не можеме да го прифатиме ова, бидејќи за Унгарија тоа е еднакво на атомска бомба“, изјави Орбан за државното радио.
Неколку источни членки на ЕУ се загрижени дека за периодот за прекин на увозот на руската нафта не би имале доволно време да се прилагодат, иако неофицијалано дипломати од Брисел велат дека Унгарија и Словачка би имале рок до крајот на 2023 година.
Орбан во разговорот додава и дека на Унгарија би ѝ биле потребни најмалку пет години и големи вложувања во рафинериите и гасововидите за да може да го трансформира сегашниот систем во кој со околу 65 отсто се потпира на руската нафта.
„Точно знаеме што ни е потребно, прво ни се потребни пет години за да биде завршен целиот процес…. година до година и половина не се доволни за ништо“, вели Орбан и додава дека Унгарија, исто така, ќе има потрбена до големи вложувања во рафинериите и систепот за испорака на енергенсите за да овозможи увоз нафта којашто не е од Русија.
Орбан го поставува прашањето дали е паметно да се вложува во толкава мера за резултати коишто ќе дојдат по четири до пет години, додека војната во Украина се случува сега.
Премиерот вели и дека Унгарија чека нов предлог од Европската комисија,
„Не сакам да се спротиставувам на Европската унија, туку да соработувам…, но тоа е единствено можно доколку предвид бидат земени нашите интереси“, вели Орбан.
Додава дека Унгарија нема да го поддржи ставањето на поглаварот на Руската православна црква, московскиот патријарх и на цела Русија Кирил, на листата за индивидуални санкции бидејќи тоа за Орбан е „прашање на верските слободи“. Го повторува и унгарскиот став дека нема да испрача оружје на Украина.