Орбан: Унгарија сѐ уште се противи на преговорите со Украина за членство во ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека државата ќе продолжи да се придржува до својот став дека Европската унија не смее да почне преговори за членство на Украина во блокот, туку дека Европа треба да се стреми кон стратешко партнерство.

Орбан, во интервју за унгарски медиум, повтори дека тоа прашање треба да биде тргнато од дневниот ред на самитот на ЕУ оваа недела.

-ЕУ се подготвува да направи грешка и ние треба да ја спречиме, дури и ако другите 26 членки се подготвени да ја направат. Ако сакаме да ја поддржиме Украина, како геостратешки сигнал, тогаш тоа треба да го направиме, но не со членство, истакна Орбан.