Орбан во убедливо водство пред изборите во недела

Околу 50 отсто од гласачите го поддржуваат реизборот на актуелниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, според последната анкета на Институтот „Незапон“ пред изборите што ќе се одржат во недела.

Според истражувањето, опозициската коалиција на социјалистите, чиј кандидат за премиер е Гергеј Карачон, ќе освои 13 отсто од гласовите, потоа го следи ЛПМ со осум проценти, додека ултранационалистичката партија ЈОБИК има седум отсто од поддршката.

Левичарската демократска коалиција на Ференц Ѓурчан е поддржана од три проценти од гласачите.

Истражувањето беше спроведено за унгарскиот дневник „Идок“ помеѓу 19 март и 23 март на репрезентативен примерок од 1.000 луѓе.