Орце Камчев излезе од притвор

Бизнисменот Јордан Камчев, кој е обвинет во случајот „Плацеви на Водно“, попладнето во средата излегол од притвор.

Камчев го напуштил Истражниот затвор Скопје – Шутка во 16.40 часот, потврдија за МИА од казнено поправната установа.

Кривичниот совет на Апелацискиот суд вчера одлучи да ја прифати гаранцијата за Камчев од скоро 11 милиони евра, додека неговите патни исправи остануваат во судот, каде ќе треба редовно да се пријавува.

Камчев од пред Нова година се наоѓа на лекување во болницата „Систина“. Тој беше во притвор од март 2021 година, кога беше приведен под сомнение дека се подготвува за бегств