Орце Камчев нуди гаранција од 1,7 милиони евра во недвижнини и 200.000 евра во кеш

Бизнисменот Орце Камчев, петтообвинет во случајот „Плацеви на Водно“, по вторпат поднел гаранција во вредност од 1,7 милиони евра во недвижнини и околу 200.000 евра во готовина за да се брани од домашен притвор, но јавнат аобвинителка Лиле Стефанова веднаш дала негативно мислење. Ова денеска го соопшти адвокатот Еленко Миланов, кој истакна дека сега на потег е кривичниот Совет да одлучи дали ќе ја прифати гаранцијата.

– Јордан Камчев е петтоосомничен, а единствен што се наоѓа во притвор. За лошата и ризична состојба зборува и медицинско вештачење, а поднесена е и гаранција во недвижен сопствен имот од 1,7 милиони евра недвижен имот и 200.000 евра готовински. Сметам дека гаранцијата треба да биде прифатена, бидејќи сумата ја надминува целата финансиска штета од 1,3 милиони евра за која Обвинителството го гони мојот клиент – рече Миланов.

Според адвокатот на Камчев, предметот „Плацеви на Водно“ не може да се темели на изјава на поранешниот премиер Никола Груевски дадена за сосема друга истрага и затоа побара запирање на процесот додека не се земе изјава од Груевски, макар тоа се направило и со видео-повик.

Плусинфо веќе еднаш објави за големиот скандал што се откри на последнат асесија на Кривичниот суд кога се дозна дека јавната обвинителка Лиле Стефанова со фалсификуван доказ го затворила предметот и на Судот кој го оценувал обвинителниот акт му подметнала изјава на Никола Груевски, кого таа ниту го видела, ниту го сослушала во истрагата што ја водела.