Орце Ѓорѓиевски за отчетот од сработеното – „Најдоброто допрва доаѓа“!

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, објави ново од серијата видеа за отчетот за сработеното во својот тригодишен мандат.

За развојот на спортот и младите, изградени се и реконструирани 13 спортски комплекси и 6 спортски сали, 19 нови детски катчиња за повеќе среќни мигови за семејствата и 6 паркови со површина над 80.000 метри квадратни, се вели во описот на видеото.