Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа обезбеди пласман во финалето на ИТФ фјучерсот во Ираклион Грција.
Ѓорческа минатата недела го освои пехарот на ова место и сега ќе има шанса да стигне до нова титула. Денес во финалето Ѓорќеска беше подобра од Романката Мириам Бјанка Булгару со 2:0 во сетови.
Ова полуфинале беше реприза на минатонеделното финале, резултатот на крајот беше ист. Македонската тенисерска го доби мечот без изгубен сет со 6:4 и 7:5. Не дојде лесно до победата Ѓорческа, а тоа го покажуваат изедначениот број на вкупни поени (80:80).
Во финалето Ѓорческа ќе игра против петтата носителка Екатерина Макарова од Русија која е 260. тенисерка на ВТА листата.