Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со победа од 2-0 над Австријката Алина Махалич го почна турнирот во Виена кој се игра за награден фонд од 60.000 долари.
Ѓорческа во првото коло беше подобра од домашната тенисерка Алина Михалич со 6-2 и 6-2.
Во второто коло македонската тенисерка ќе игра со победничката од дуелот меѓу Арабела Колер (Австрија) и Леире Ромеро Гормаз (Шпанија).