Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да обезбеди пласман во четвртфиналето на фјучрсот во Талин, Естонија.
На вториот турнир по ред во овој град Ѓорческа ја победи Јустина Микулските со 2-1 во сетови (6-3, 5-7, 6-4). Литванката и направи проблеми на Македонката во вториот сет, меѓутоа Лина си ја заврши задачата во решавачкиот.
Следен ривал на Ѓорческа ќе биде Зејнеп Сонмез од Турција.