Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, на собраниска седница за новите министри рече дека прочитал како предложената министерка за финансии Нина Ангеловска на своите вработени ИТ-инженери и веб дивелопери им дава официјална плата од 200 евра.
– Бараме одговор дали Нина Ангеловска исплаќа минимални плати и дали дополнителното го дава на рака. Дали е тоа за да не плаќа даноци. Ова што го прочитавме е страшно. Дали платите кои што се исплаќаат на ИТ-инженери се минималец. Ако не е така, нека се демантира. Одговорете го ова, јавноста има право да чуе – рече Ѓорчев.
Премиерот Зоран Заев во контрарепликана му одговори дека професиите кои што ги навел Ѓорчев во Македонија заработуваат повеќе од 1.000 евра месечно.