Ѓорчев и Kирацовски имаа жестока кавга во Собранието – навредливи тонови, расправија на висок тон и обвинувања

Жестока кавга со навредливи зборови и меѓусебни обвинувањата си разменија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев и на СДСМ Александар Кирацовски. Недоразбирањата започнале уште вчера кога доцна попладнето била закажана Комисијата за политички систем на која на дневен ред беа измените на Законот за административни службеници. Расправиите продолжија и изутрина на повторно закажана седница. Ситуацијата ескалира и надвор од неа.

Ѓорчев обвинува дека вчерашната седница намерно била закажана доцна попладне во обид да ја заобиколат опозицијата, но тврди и дека не им било дозволено да поднесат амандмани. Тој вели дека вчерашната комисија почнала 15 минути пред закажаниот рок за, како што вели, да им помине она што сакаат да го поминат без опозицијата.

Кирацовски на ова врати дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги кочи сите битни проекти и закони поднесувајќи амандани. Тој негираше дека било оневозможено опозициијата да поднесе амандмани и рече дека ВМРО-ДПМНЕ само ја манипулира јавноста и прави сензации изигрувајќи жртва.

Расправата за измените на Законот за административни службеници е прекината и засега нема најава кога таа ќе продолжи. ВМРО-ДПМНЕ покрај поднесените 680 амандмани најави дека ќе поднесе уште 300 други.