
Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ потврди во неделата, ден по изборите, дека веќе ги започнале подготовките за разговори со Движењето Беса за формирање мнозинство во Советот на општина Тетово, јавува ТВ21.
Ѓорчев рече дека не ја исклучуваат можноста во мнозинството да влезат и други партии.
„Веќе мислам дека преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Беса за мнозинство во Советот ќе се официјализираат во наредните денови, заедно само ВМРО-ДПМНЕ и Беса имаат 16 советници од вкупно 31, ова е мнозинство од почеток… Ќе видиме дали некој друг ќе се приклучи на ова мнозинство“, рече Ѓорчев.
Ѓорчев смета дека со Движењето Беса ќе ја продолжат соработката што досега ја имале и во другите општини.
„Сметам дека со Беса ќе соработуваме добро и коректно, бидејќи и како што работевме досега во Советот минатата година, со нив коректно соработувавме, ги поддржавме проектите на градоначалникот на општината Билал Касами и очекувам така да продолжи и во иднина, таква соработка имаме и во голем број други општини, искуството е позитивно“, рече Ѓорчев.