Ѓорчев: Состојбата со корона вирусот е алармантна – неделно над 200 починати и 2.000 заболени

Поранешниот пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ,  Владимир Ѓорчев,  во утринската емисија на ТВ Алфа „Добро утро, секое утро“ истакна дека состојбата со епидемијата на Ковид-19 во Македонија е катастрофална и нема зборови кои што ќе можат тоа да го ублажат, да го разубават или владини мерки, какви што не се носат, а кои што ќе можат да ја подобрат ситуацијата.

-Македонија прво има најмногу починати на еден милион жители на Балканот, никој не е полош, меѓу најлошите сме во Европа, а последните неколку недели сме најлоши во Европа никој друг не е полош од нас и тоа граѓаните го плаќаат со нивните животи, вели Ѓорчев.

Според него, премиерот и министрите целосно потфрлиле во справување со здравствената, но и економската криза посочувајќи дека секојдневно има губење на работни места и дека граѓаните живеат се потешко.

-Имаме влада, премиер и министри кои што тотално потфрлија кои што имаат фијаско. Македонија се наоѓа во најголемата рецесија последните 30 години, и официјално во која што десетици илјади луѓе губат работни места во која што се затвораат бизнис, каде што се потешко се живее, каде што буквално имаме катастрофа – додаде тој.

Во однос на економската криза, Ѓорчев нагласи дека и во 2008 и 2009 година се случило криза во светски рамки, но тогаш и покрај кризата имало плати и за вработените и за пензионерите, како и за изградба ана автопати, на сали, но како што рече, состојбата во Македонија никогаш не била полоша а граѓаните го плаќаат со нивните животи.

-Би потсетил во 2008, 2009 година имаше исто ваква криза во светски рамки, тоа беше задолжничка криза, каде што Македонија ја помина речиси без да ја осети. Тогаш имаше и за плати, и за пензии, и за рати, за градење на автопатишта, и на спортски сали и на се останато. Но, сега немаме ништо, еден километар автопат немаме изградено. Значи ако ги сумираме сите овие прашања се доаѓа до еден јасен заклучок а тоа е дека состојбите во Македонија не биле никогаш полоши, дека имаме фијаско на владата, дека имаме неснаоѓање кое што за жал граѓаните го плаќаат буквално со нивните животи – изјави тој.

Коментирајќи ги изјавите на Венко Филипче, Ѓорчев посочи дека додека тој прогнозирал бројот на заболени за цела пандемија да биде 2.000 и 200 починати, сега неделно имаме 2.000 заболени и 200 мртви.

-Македонија оваа недела се движи околу 1.000 починати. Филипче кажа 2.000 заболени и 200 мртви, а ние сеа неделно имаме 2000 заболено и 200 мртви, значи неделно – истакна Ѓорчев.