Оваа Влада ги демонтираше сите добри политики за граѓаните, за семејствата, за мајките, за децата. Напротив воведоа една лоша политика, ги гледаме и последиците од лошите политики на Владата, рече Влатко Ѓорчев, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостување на утринската програма на Канал 5.
Ѓорчев информираше за конкретни бројки кои се последица од лошата владина политика или политиката која не води грижа за семејствата.
„На пример од 2006 заклучно со 2016 година, Македонија е единствена држава во регионот која имаше раст на родени деца. Или имаше раст од нешто повеќе од два проценти. Тоа се должеше најмногу поради политиките за трето дете. Сега како резултат на немањето политики во оваа област сме земја која по бројка на родено трето дете е најлоша, имаме најмал број на родено трето дете“, кажа Ѓорчев.
Ѓорчев се осврна на лошата еконсомска политика во земјава.
„Човек треба лично да биде ангажиран и да ги поправи условите. Условите не се сјајни, ама не треба да се откажуваме, еве посебно кога зборуваме за темата семејството. Дедо ми биле десет деца, тоа бил период на војни, имало по илјада мртви дневно, баба ми е 15-то дете. Сега живееме во време на стрес, но замислете каков бил тогаш стресот, во тој период на војни многу деца умирале, замислете каков бил тој стрес тогаш да си го закопаш детето“, кажа Ѓорчев.
Дополнително, додаде, Ѓорчев, ние денесека живееме во време кога цените на храната секаде се зголеми за 11 проценти, а во Македонија 50 проценти.
„Во овие шест години станавме земја на највисоки, цени, највисока инфлација, највисоки даноци. За да смениме нешто мора да има пресврт. Или прво, најважно е младите да останат тука и второ, исклучително важен е корпусот на еконосмки прашања. Замислете луѓето се мислат дали да направат ајвар бидејќи се нема пари“, вели Ѓорчев.