Ѓорчев во Европскиот парламент зборуваше за демографијата

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, во четвртокот имаше обраќање пред пратеници од Европската народна партија (EPP), најбројната пратеничка група во Европскиот парламент во Стразбур.

Темата на тркалезната маса беше демографијата и стареењето на населението во Европа, со осврт на пазарот на работна сила, образованието, одржливоста на пензискиот систем, одливот на мозоци, руралните области итн.

Ѓорчев, кој со сопругата Сузана имаат четири деца, истакна дека демографијата е важна тема за секоја држава и општество, додавајќи дека јавните политики треба да имаат компонента која значи поддршка за семејствата, мајките и децата.

Ѓорчев се заблагодари за поканата и ангажманот на присутните EPP пратеници во врска со овие теми, нагласувајќи дека Европската комисија во овој мандат за прв пат има ресор за демографија.