Денеска граѓаните на општина Ѓорче Петров излегоа на улица каде протестираат против урбаното дивеење односно изградбата на 60 метарски згради во населеното место „Дексион“.
-Ние како граѓанска иницијатива против урбаното дивеење за спас на „Дексион“ од ова место го креваме својот глас против урбаното дивеење и самоволие во ова населено место и јавно се спротиставуваме против новиот дупот С324 со кој се овозможува подигање на бетонски ѕид токму на ова место. Две недели се обидуваме да добиеме одговор на нашите барања од општината, а две недели добиваме молк, рекоа од граѓанската иницијатива.
Тие јавно го прашуваа градоначалникот Александар Наумовски дали се потрудил да ги информира граѓаните од ова населено место за променета на дупот и што ќе се гради, дали се одржаа јавни расправи за предметниот мафијашки план донесе експресно по негова нарачка.
-Ви посочуваме дека ние граѓаните го имаме главниот збор, дека јавниот, а не приватниот интерес во нашата општина ќе одлучува за јавниот простор. Со подигање на 60 метарски згради и населување на 3 000 жители со градење на над 800 станови ќе се промени како демографски така и квалитетот на живеење и нормално функционирање во целата општина. Само на ова место со градење на овие згради ќе биде загрозен хуманиот аспект на живеењето, а дополнителни проблеми се немање училишта и градинки за новите жители, недоволниот капацитет на комуналната мрежа и сообраќајното поврзувње. Со ова ќе се уништи и ова населено место и тоа како и населбата Хром каде што веќе поминатиот план кој дозволува изградба на сто згради веќе се ефектури, посочија тие.
Граѓанската иницијатива која е против урбаната мафија во Ѓорче Петров побараа веднаш да се ревидира овој детален урбанистички план, да се намали бруто развиената градежна површина која сега изнесува над 90 000 метри квадратни, да се намали катноста и висината на зградите. Тие порачаа дека битката со овој проблем ќе продолжат и понатаму да ја водат на улица со протести.
https://www.youtube.com/watch?v=WStuErD-3AU&feature=emb_err_woyt