Јордан соопшти дека од вторникот го зајакнал военото присуство по должината на границата со Израел и предупреди дека секој обид на израелската страна насилно да ги потисне Палестинците преку реката Јорда ќе претставува кршење на меѓусебниот мировен договор.
Премиерот Бишер ал-Касавни изјави дека неговата земја ќе прибегне кон „сите средства коишто ѝ се на располагање“ за да го спречи Израел во спреведувањето на масовното протерување на Палестинците од Западниот брег (на реката Јордан).
Војната на Израел во палестинската енклава Појасот Газа, како што вели израелската влада против раадикалното исламистичко движење Хамас, ги поттикна долгогодишните стравувања во Јордан, каде што повеќе од половината од вкупната популација ја сочинуваат Палестинци – бегалци или нивни потомци, протерани од Западниот брег во неколку бранови по основањето на Државата Израел во 1948 година.
Таквите стравувања во Јордан сега се зголемени, откако на власт во Израел дојде десничарска влада поддржана од ултранационалистичките тврдолинијаши коишто долго заговараат решение на израелско-палестинскиот конфликт според принипот „Јордан е Палестина“.
„Секое раселување или создавање услови коишто би довеле до тоа, Јордан ќе ги смета за објавување војна и тоа ќе претставува материјално кршење на мировниот договор“, го цитираат јорданските медиуми ал-Касавни кој алудура на мировниот договор со Израел од 1994 година.
Јордан, втората арапска земја по Египет кој потпиша мировен договор со Израел, има силно безбедносни врски со еврејската држава. Меѓутоа, односите се нарушени последните години со сѐ почестите непочитувања на прописите за религиозните права особено на светите места во Ерусалим, за кои е одговорен Јордан.
„Мировниот договор би бил парче хартија на полицата прекриено со прашина, доколку Израел нема да ги почитува своите обврски или ги прекрши“, вели ал-Касавни.
Додава дека секоја закана за јорднаската национална безбедност би ги ставила „сите опции“ на масата, како и дека неодамнешното распоредување на воените единици по должината на границата со Израел е дел од мерките за заштита на безбедноста на Јордан.
Медиумите ги пренесуваат сведоштвата на жителите и очевидци дека последните неколку дена долги колони оклопни борбени возила и тенкови се движат по главниот автопат кој води во Јорданската долина спроти Западниот брег. Јорданските власти велат дека војската веќе била во состојба на зголемена приправност за сите можни ситуации.
Ал-Касавни вели и дека израелските акции на Западниот брегг би можеле да предизивикаат ширење на насилствата, наведувајќи ги сѐ почестите напади од еврејските доселеници врз палестинските цивили, особено по упадот на Хамас во јужен Изреале на 7-ми октомври.
Истовремено и САД го повикаа Израел да го заузда насилството на жителите на еврејските нелегални доселенички населби на Западниот брег, стравувајќи од ширење на израелско-палестинскиот судир воопшто во блискоисточниот регион.
„Израел би требало да избегнува секаква ескалација на Западниот брег… Тое е црвената линија којашто Јордан нема да ја прифати“, предупреди премиерот ал-Касавни.