-0.2 C
Skopje
недела, ноември 24, 2024

Јорданов: Економскиот совет на Oпштина Штип ќе биде стимул за развој и креирање нови работни места

На мое огромно задоволство денес имаме средба со претставници на бизнис секторот во Општина Штип, да го презентираме нашиот план за развој на нашиот град, да ги слушнеме проблемите со кои се соочуваат претставниците на бизнис секторот, да ги усогласиме нашите можности и потреби со потребите на бизнис секторот и со нивните можности сѐ со цел да допринесеме. Да дадеме вредност во развојот на општина Штип во отворање на нови капацитети во отворање на нови работни места, практично она коешто е наша обврска, истакна Иван Јорданов, градоначалник на Oпштина Штип.

-Денес почнуваме активно да работиме на тоа во насока на формирање на Економски совет на Општина Штип којшто ќе даде директен стимул и поддршка на бизнис секторот но исто така и да ги вклучиме и тие активно да делуваат во општеството, во нашиот град, во креирање на нови работни места и во развојот, додава Јорданов.