Експресниот пат Штип – Радовиш на кој што денес се наоѓаме е целосен проект на претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, истакна денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов.
Тој посочи дека сите активности неопходни за реализација на овој пат се обезбедени од претходната Влада.
„Уште во 2015 година се обезбедени средства и целосно е изготвен проектот за изградба на експресниот пат. Социјалдемократскиот сојуз на готово доби изведувач на работите на овој пат, и заради нивната неспособност не успеаја да ги завршат на време како овој проект, така и останатите проекти започнати од ВМРО-ДПМНЕ. За тоа оваа пракса не смее да продолжи. Инфраструктурата повторно ќе биде ставена во преден план после победата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори“, вели Јорданов.