Единствен начин да се спречи ова девијатно однесување во нашата општина е да се има волја, да се има мотивација, и обврска да се направи тоа. Жалам што декларативно слушаме заложби „ЌЕ НАПРАВИМЕ“, а моментална локална власт ништо од тоа не направија. И како сега да ги поддржиме ние работите кои што се случуваат кога не се во добра насока. И за тоа велам дека обврска на идната локална власт е да ги подобри состојбите во однос на животната средина. А, како ќе ги подобри? За тоа што моментално не функционираат работите и треба да се случат промени. Промените треба да се случат во насока на подобрување на животната средина, појасни Иван Јорданов, кандидат за градоначалник на општина Штип во „Студио 10“ во ТВ24.
Јорданов додаде дека ВМРО-ДПМНЕ се залага за состојбите во општеството. А, во однос на зелените површини обврска е како идна локална власт да се сервисираат основните потреби на граѓаните, да се чува животната средина, и проектите кои што се предвидени во програмите да се реализираат.
„Живееме во време во она кое што го имаме како инфраструктура не се одржува. Живееме во време во кое што немаме стратегија како да ја збогатиме животната средина со нови шуми. Живееме во време кога декларативно сите се задолжуваме но ништо во пракса не се случува. И затоа промените треба да се случат во оваа насока. Треба да се има волја, желба, енергија, да се посвети и да се вложи за да во нашата општина се подобрат состојбите“, појасни Јорданов.
Јорданов нагласи дека проектите кои што тој ги нуди се реални и остварливи.
„Обновливи извори на енергија се нешто кое што треба да биде наша долгорочна стратегија, ние како општина живееме во време каде што треба да ги следиме светските трендови и мораме да ги практикуваме и применуваме кај нас“, рече Јорданов.