Крајно недозволиво е институции основани од Општина Штип, чии директори директно се назначени од страна на градоначалникот, да склучуваат милионски договори со фирма која е во сопственост на членови на неговата фамилија, изјави денеска Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Денес поднесуваме пријава до Државната комисија за спречување на корупција, да го разгледа овој случај и доколку утврди одговорност да се произнесе: Како фирмата „Де Лукс“ во овие две години го зголемила обемот на приходи од добиени тендери во јавна институција од Штип? Дали градоначалникот имал свое влијание врз одлуката на директорите при изборот на најповолниот економски оператор? Дали има судир на интерес кога тој што го потпишал решението на директорите да добива пари од истите тие директори?“, рече Јорданов.