Јорданов: Николов ги следи стапките на Бочварски, неработник и полн со лажни ветувања

Штип предводен овие четири години од Бочварски и од Николов како локална власт, што е она што на мене лично ми пречи претпоставувам дека го нотираат и граѓаните. Со мене е и изборната програма „За живот“ во која што пред четири години Бочварски, претходниот градоначалник заедно со сегашниот градоначалник ветуваа одредени проекти кои што не го видоа светлото на денот. Тие проекти јас можам да ги набројам, тоа се жичарата до Исарот, Аква парк со отворен и затворен базен, гасификација, гас до секоја куќа, обиколница која што требаше да поминува помеѓу населбите, термоизолациони фасади на сите станбени објекти, катни гаражи кои што требаа да го растеретат сообраќајот и сообраќајниот метеж итн.“, истакна Иван Јорданов до ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Јорданов додаде дека СДСМ ветуваше и кино сала, скејт паркови, велосипедски патеки, работи кои што локалната власт предводена од Бочварски и Николов не ги исполнија на граѓаните иако пред изборите во 2017-тата година ги ветуваа.

-Три ипол години не направија ништо, свесни беа дека им претстои пораз направија одредена рокада на позициите, си ги сменија позициите. Направија едни избори, потрошија милионски износ на пари за да се направат тие безпотребни избори за само девет месеци мандат и практично ништо не се промени, освен тоа што се променија улогите едниот стана министер, а другиот од советник стана градоначалник. Но, не застанаа овде со ветувањата, на тие избори јас поставив едно прашање како ќе се реализираат проектите кои што три ипол години не успеаја да ги реализираат за само девет месеци. И за тоа не продолжија онаму каде што застанаа, барем да ги реализираа тие проекти кои што претходно ги имаа ветено во програмата „За живот“, туку направија нови проекти, појасни Јорданов.

Јорданов потсети дека Николов на 25-ти ноември пред населба Караорман ветил канален систем за наводнување и наместо канален систем за наводнување на земјиштата кои што ги обработуваат граѓаните тие добија исклучување на водата за пиење и рестрикција за тоа што ја трошеле пивката вода за наводнување