Нефункционалноста на системот е причина повеќе младите да ја бараaт своја иднина надвор од државата. Има доста луѓе со кои што јас се среќавам, разговорам и ми укажуваат дека не е единствена причина финансиската состојба, не е единствена причина тоа зошто тие се решиле да си заминат од државата, туку начинот на кој што функционираат институциите, недовербата, нефункционалноста на власта ги примора луѓето да си заминат од Македонија, истакна Иван Јорданов, кандидат за градоначалник на општина Штип во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.
Јорданов додаде дека тој ќе создаде коалиција со граѓаните со цел Штип пак да биде центар на Источна Македонија и граѓаните да останат во Штип и во Македонија.
„Замислете за една најобична работа која што треба некој наш сограѓанин да ја добие од страна на институциите под локална власт, Општина, јавни претпријатија, со денови се чека услуга, се зема слободен ден од работа за да добијат најосновна услуга. Зарем тоа треба да го дозволиме“, запраша Јорданов.
Јорданов посочи дека откако СДСМ е на власт институциите веќе не се сервис на граѓаните.