Јордан ќе биде домаќин на четирилатерален самит во Аман во среда со американскиот претседател Џо Бајден и египетските и палестинските лидери на разговори за „опасните“ последици од војната во Газа за регионот, објавија државните медиуми.
Разговорите ќе се фокусираат на начините за запирање на „војната во Газа и начините за изнаоѓање политички хоризонт што ќе овозможи заживување на мировниот процес“, се вели во официјалното соопштение.
Јорданскиот крал Абдула, исто така, одделно ќе одржи трипартитен самит со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и палестинскиот претседател Махмуд Абас.
Во вторникот, монархот предупреди против обидите да се туркаат палестинските бегалци во Египет или Јордан, додавајќи дека хуманитарната ситуација мора да се реши во Газа и на Западниот брег.
Аман, кој го загуби Западниот брег, вклучувајќи го и источен Ерусалим, од Израел во текот на ткн Шестдневна војна во 1967 година, е загрижен дека ширењето на насилството може да има последици, бидејќи голем процент од населението на Јордан се Палестинци.