ВИДЕО| Јорданскиот крал Абдула учествувал во воздушната испорака на помош за Газа

Јорданскиот крал Абдула учествувал во воздушната испорака на хуманитарна помош за Појасот Газа, објави во неделата државната телевизија Al Mamlaka.

Снимката го покажува монархот во воена опрема во авион за време на најновата мисија во која јорданските воздухопловни сили доставувале итни медицински материјали до полските болници кои работат во палестинската енклава речиси целосно разорена во израелската офазинава.

Според официјалните податоци, последната авионска испорака на помош од Јордан била спроведена на 6-ти февруари.

Кралството, кое е меѓу арапските соседи кои вршат притисок врз Израел да дозволи повеќе помош да влезе во Газа, е единствената земја што доставува хуманитарна помош во енклавата, а тоа го прави тоа преку двете здравствени установи.

Досега 11 пати е доставена помош по воздушен пат, додека најмалку двапати учествувале француското и холандското воздухопловство, за да се достави медицински материјал во Газа.

Кралот Абдула, кој повика на прекин на израелската операција, во четвртокот отпатува на турнеја во поважните западни престолнини и треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон на 12-ти февруари по локално време за да лобира за итен прекин на огнот во Газа.

Официјален Аман, кој го загуби Западниот брег, вклучувајќи го и источен Ерусалим, од Израел во текот на ткн Шестдневна војна во 1967 година, е загрижен дека ширењето на насилството може да има последици, бидејќи повеќе од половината од населението на Јордан се Палестинци и нивни потомци протерани од палестинските територии.