Јорданскиот крал му го повтори на Трамп противењето на раселувањето на Палестинците

Јорданскиот крал Абдула Втори изјави во вторникот дека ги повторил ставовите на својата земја против раселувањето на Палестинците од нивните енклави Појасот Газа и на окупираниот Западен брег во текот на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, се наведува во објавата на платформата Х.

„Постигнувањето праведен мир врз основа на решението со две држави е начин да се обезбеди регионалната стабилност. Тоа бара водство на Соединетите држави. Претседателот Трамп е човек на мирот. Беше клучен во обезбедувањето на примирјето во Газа. Очекуваме од САД и од сите учесници да обезбедат тоа да се одржи“, објави јорданскиот монарх.

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот во текот на средбата со Абдула Втори го повтори својот план САД го преземат Појасот Газа, откако претходно најави дека на оние Палестинци кои би ја напуштиле енклавата не би им било овозможено да се вратат по реконструкцијата, а целиот негов план жестоко е критикуван од арапските сојузници на Вашингтон, па и од најголемиот Јордан.

Набрзо откако кралот и неговиот син пристигнаа во Белата куќа, Трамп за новинарите во Овалната соба изјави дека не е откажува од својот план за американско преземање на Газа, преселување на тамошното население и трансформација на разорената територија.

„Ние ќе го преземеме (Појасот Газа). Ќе го држиме, ќе го чуваме. Со текот на времето ќе го покренеме, ќе создадеме многу работни места за луѓето од Блискиот исток“, додаде американскиот претседател истакнувајќи дека неговиот план „ќе донесе мир“ во регионот.

Се закани дека ќе го разгледа евентуалното укинување помош на Јордан, каде САД имаат многу важна воена база, доколку Аманн одбие да прими палестински бегалци.

Официјален Аман, кој го загуби Западниот брег, вклучувајќи го и источен Ерусалим, од Израел во текот на ткн Шестдневна војна во 1967 година, уште од почетокот судирите во Газа ланскиот октомври е многу загрижен дека ширењето на насилството може да има последици во масовно преселување на тамошното население, бидејќи повеќе од половината од населението на Јордан се Палестинци и нивни потомци протерани од палестинските територии изминатите повеќе од седум децении.