Јордaнскиот крал се противи на планот на Израел да окупира делови од Газа

Јорданскиот крал Абдула се противи на плановите на Израел да окупира делови на палестинската енклава Појасот Газа или да воспостави безбедносни зони на таа територија, сметајќи дека причина за војната и кризата е израелското негирање на легитимните права на Палестинците, пренесуваат во понеделникот јорданските државни медиуми.

Во коментарите во кралскиот дворец, кралот Абдула на високите политички функционери им порачал дека не е возможно „воено или безбедносно решение“ за судирот меѓу Израел и Палестинците. Рекол и дека Израел не би смеел со војната разорениот Појас Газа да го отсече од остатокот на палестинските територии.

Кралот Абдула, порачал и дека „причината за кризата е израелската окупација на палестинските територии и негирањето на легитимните права на Палестинците“. „Решението започнува таму и секој друг пат е осуден на неуспех и уште циклуси на насилства и уништувања“, додал.

Јорданскиот монарх рекол дека веќе долг период предупредува на израелските кршења на човековите и сродните права на Западниот брег (на реката Јордан), другата палестинска енклава со којашто граничи Јордан, и дека нападите на еврејските доселеници врз палестинските цивили би можело „да го прошират судирот и да го турнат регионот во пропаст“.

Во Јордан, според некои проценки, значително повеќе од половината на вкупното население го сочинуваат палестинските бегалци и нивните потомци од израелските протерувања, сега стравуваат дека Израел повторно би моќел да изврши масовно протерување на Палестинците од окупираниот во 1967 година Западен брег, каде што нападите на израелските доселеници врз Палестинците остро се зголеми по нападот на Хамас на југот на Израел по 7-ми октомври, а од почетокот на годината според ОН таму се убиени неколку стотици Палестинци, од кои мнозинството се цивили.

Кралот Абдула претходно во ноември рече дека единствениот пат кон трајниот мир е обновувањето на преговорите за независна палестинска држава покрај еврејската држава. Преговорите за решението со две држави, во кои САД се наметнаа како посредник, се замрзнати речиси дест години. Тогаш Израел го прогласи Ерусалим за своја „историска и неделива“ престолнина, додека Палестинците источен Ерусалим, кој меѓународната заедница го смета за окупирана палестинска територија во војната од 1967 година, го сакаат за главен град на нивната идна независна држава.