Луѓето многу ретко имаат можност да го видат магичниот свет на животните.
Овие фотографии ги направил фотографот на птици, Фу Чен, кои потоа биле објавени на Национална географија.
Тој бил сведок на една многу несекојдневна и ретка ситуација, кога гавран слетал на грбот на ќелав орел.
Според Чен, гавраните се познати по тоа што агресивно ги малтретираат другите птици грабливки кои се многу поголеми од нив кога ќе ги забележат на нивна територија.