Љоренте од Реал Сосиедад во Лидс Јунајтед

Шпанскиот фудбалер Диего Љоренте е новото засилување на повратникот во англиската елита Лидс Јунјатед, објави неговиот досегашен клуб Реал Сосеидад на својата веб-страница.

Иако финансиските поединости од договорот не се објавени, британските медиуми оценуваат дека Лидс за 27-годишниот играч ќе мора да плати 20 милиони фунти.

„Реал Сосиедад и Лидс Јунајтед постигнаа догвоор за трансферот на Диего Љоренте“, објави шпанскиот клуб чиј дрес играчот го носеше три години.

Љоренте професионалната играчка карира ја започна во мадридски Реал, но таму не успеа да се избори за место во првата екипа, поради што во 2017 година мина во Сосиедад за кој одигра 30 натпревари.

Водството на Лидс Јунајтед настојува да ја зацврсти својата одбана, откако во првите два досега одиграни натпревара во Премиер лигата, прими седум погодоци.