Организации кои сеат страв низ светот

Војната во Ирак, киднапирања во Нигерија, напади во Сомалија – радикални исламистички терористички групи како што се ИСИЛ, Боко Харам и Ал Шабаб претставуваат зкана во Африка и арапскиот свет. „Дојче Веле“ пишува за терористичките организации од кои се стравува.

ИСИС или ИСИЛ

Терористичка организација Исламска држава на Ирак и Левант или Терористичка организација Исламска држава на Ирак и Сирија вчера соопштила дека востановила калифат односно исламска држава на териториите кои се под нивна контрола во Ирак и Сирија. Целта им е Божја Држава, која би се простирала на голема територија во Сирија, делови од Ирак, Либан, Палестина и Јордан. Оваа терористичка група се смета за порадикална и од Ал Каеда. ИСИС во најголем дел се финансира од приватни донации од заливските држави Катар и Саудиска Арабија. Во своите редови има околу 10.000 борци

Боко Харам

Оваа група се бори на северот од Нигерија, кадешто воглавном живеат муслимани. Желбата им е воведување на шеријат во целата земја. Сиромаштијата и невработеноста го олеснуваат регрутирањето на нови борци. Само во текот на првите четири месеци од 2014 година, убиени се најмалку 2000 луѓе.

Ал Шабаб

Исламистичка милиција основана во Сомалија во периодот меѓу 2004 и 2006 година. Се бори за формирање на Божја држава на Африканскиот рог. Во нивниот напад на трговскиот центар во главниот град на Кенија во септември 2013 година загинале повеќе од 60 луѓе. Ал Шабаб контролира голем дел од централна и Јужна Сомалија.

Ал Каеда

Се смета за мајка на глобалниот џихад. Ал Каеда го организираше нападот во САД на 11 септември 2001 година. После убиството на Осама Бин Ладен, Ал Каеда денес е лабава мрежа воглавном од самостојни ќелии во различни земји.

Ансар ал Шари

„Припадници на исламското право“ е називот на организацијата од Либија и Тунис. Помали групи како што е Ансар ал Шари има во голем број на држави на Блискиот Исток и на северот на Африка. Нивната цел е воведување на исламското право. Главното упориште на либиската Ансар ал Шари е градот Бенгази. Организацијата е одговорна за нападот на американскиот конзулат во Бенгази на 11 септември 2012 година.

Ал Нусра Фронт

Оваа организација се смета за службен огранок на Ал Каеда. Нејзиното име значи Фронт за поддршка на сирискиот народ. Една од најважните бунтовнички групи во Сирија. Меѓу целите е и формирањето на исламистичка држава во сите земји на источниот Медитеран.