За Чеченецот Ахмед Чатајев што е осомничен дека организатор на терористичкиот напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул во Русија била издадена потерница, бидејќи тој се товари за тероризам.
Сепак, тој во Австрија добил статус на бегале што во повеќе наврати му помогнало да го избегне испорачувањето на Русија, пренесува Спутник.
Околу 20 припадници на Исламска држава се уапсени поради сомнеж дека учествувале во терористичкиот напад на аеродоромот „Ататурк“ во кој загинаа 44 лица, а 230 се повредени. Властите веруваат дека Чатрајев е организатор на нападите, а дека тој, како што се шпекулира, заземал висока позиција во „министерството за војна“ на ИД.
Телевизијата Си Ен Ен повикувајќи се на претседателот на Комитетот за национална безбедност на Претставничкиот дом на Конгресот на САД Мајкл Махол пренесува дека Чатајев повеќе пати престојувал во Сирија во терористичките групации.
Тој можеби е „непријател број еден“ на Северен Кавказ во Русија. Многу пати престојувал во Сирија и станал еден од високите претставници на „министерството за војна“ на ИД, вели Макол.
Името на Чатајев во октомври минатат година беше ставено на антитерористичкиот список на САД. Националниот антитерористички комитет на Русија уште во летото 2015-тата година го означи како раководител на мрежата за врбување граѓани на Русија во Исламска држава, а во јануари годинава предупреди дека е можно тој да подготвува серија терористички напади во Европа и Русија.
Сепак и покрај…