![ivanov-baku-1-1068x801](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/ivanov-baku-1-1068x801.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Во текот на форумот, претседателот Иванов оствари средба со заменик генералниот секретар на ОН и висок претставник на Алијансата на цивилизации Мигуел Ангел Моратинос, со кој разговараа за можностите за соработка и перспективите на Македонија и регионот во глобалната мрежа на Алијансата на цивилизациите. Претседателот Иванов имаше можност да се сретне и размени мислења со своите колеги и учесниците на форумот меѓу кои беа поранешни претседатели, премиери, министри од целиот свет, високи претставници на меѓународни организации и други.
Меѓународниот центар Низами Ганџави оваа година, на Глобалниот форум во Баку, отвори повеќе интересни и актуелни глобални теми за високите учесници меѓу кои: војната Израел-Хамас и нејзините импликации на Блискиот Исток, враќањето на „Realpolitik“, глобалното владеење и Самитот на иднината, кои цели може да се постават за COP29, климатската правда, улогата на регионалните воени и економски сојузи, регионалните перспективи на ЕУ и нејзините соседи, градењето отпорност на глобалните предизвици: справување со нееднаквоста, недостигот на ресурси и миграцијата, новата безбедносна парадигма во ерата на вештачката интелигенција и други.