Деветмина оризопроизводители од кочанско денес даваа исказ во Основниот суд во Кочани. Повикани се по пријавата од МВР за протестите организирани лани на 23 септември. Според пријавата тие како организатори на протестот не спречиле целосна блокада на патот Штип- Кочани кај Облешево, иако протестот уредно им бил пријавен но само за едната коловозна лента, јавува Радио Кочани.
Оризопроизводители од кочанскиот регион кои протестираа во септември со овие искази се бранеа пред судот. Сметаат дека немаат никаква вина за блокирањето на регионалниот пат Штип-Кочани од половина час во селото Облешево.
Проблемите на кочанските оризопроизводители со откупната цена на оризовата арпа и на белиот ориз си остануваат. Сметаат дека она што го произведуваат е со ниска цена. Деновиве низ кочанско поле почна сеидбата на оризот, кој треба да се посее на околу 4.000 хектари.