Парчиња разно огнено оружје и минуција се октриени и заплените при одвоени претреси на домови во Кавадарци и во Кичево, соопшти во саботата Министерството за внатрешни работи.
Во петокот околу пладне полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода 72-годишниот М.Б. од Кичево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден револвер непозната марка и 14 куршуми калибар 7,62 мм.
Мажот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.
Истиот ден полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Велес – Одделение за внатрешни работи Кавадарци, по претходно добиена судска наредба од Основен суд Кавадарци, извршија претрес во домот на 50-годишниот М.Т. од Кавадарци.
При претресот се пронајдени и одземени 273 парчиња боева муниција, кал. 7,62х39, 173 парчиња муниција, кал. 9х19, 240 парчиња маневарска муниција, кал.7,62х39, 13 парчиња муниција, кал. 7,65, 2 парчиња муниција калибар 12,7, пиштол „Црвена застава“ без рамка за куршуми, и пиштол „Црвена застава“ калибар 9 мм со рамка.
Со М.Т. е извршен разговор, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, предвидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик.