Оружен грабеж пред банка во Сарај, украдени околу 35.000 евра

Три лица маскирани со фантомки и вооружени со автоматски пушки, денеска околу 11 часот ограбиле 27-годишен маж, кој бил паркиран со возило пред Халкбанк, потврдиле од министерството за внатрешни работи за Канал 5.

Неофицијално, тие му одзеле торба со пари во вредност од два милиони денари, односно 35.000 евра – средства што оштетениот како дневен промет од неговата фирма, сакал да ги уплати во банката.