Фудбалерите на Осасуна ја победија Алмерија со 1:0 во последниот натпревар во понеделникот вечерта од петтото коло на шпанското првенство, пробивајќи се на четвртото место на табелата.
Решавачкиот погодок го постигна Чими Авила во 28 минута од средбата на асистенција на Рубен Гарсија.
Гостите во 41 минута можеа да ја удвојат предноста, но Лукас Торо ја погоди само рамката на голот. Во самата завршница од првиот дел Гарсија го постигна и вториот погодок за Осасуна, но голот беше поништен по прегледување на видео-снимката поради играње со рака во текот на акцијата.
Алмерија најблиску до израмнување беше во 70 минута, кога Ларги Рамазани ја погоди стативата.
Мадридски Реал води на табелата со 15 бодови, два повеќе од Барселона, додека Бетис има 12 бодови колку и Осасуна на четвртото место.
Следат со по 10 бодови Вилјареал, Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид. Алмерија остана на 14-то место со четири бодови, додека последен 20-ти е Кадиз без водови.