Двајца оштетени се откажаа од оштетно побарување на вчерашното рочиште во случајот против д-р Жан Митрев. Еден од нив со директна и јавна благодарност кон докторот, затоа што бил жив и здрав, а друг рече дека ако не се утврди вина кај докторот јавно ќе се извинел. Голем дел од повиканите оштетени беа без конкретни побарувања и се потпираат на она што ќе го одреди судот.
И последното рочиште продолжи со потврдување на изјавите на оштетените и одговарање на прашањето „дали имаат оштетно побарување?“ при што дел од нив не ни знаат зошто точно се води процесот, дали, кога и како биле измамени за што се консултираат и со обвинителката.
Обвинителката продолжи со континуираните напади кон одбраната секој пат кога одбраната приговара за недоследноста на процесот и мешање во изјавите на оштетените, за што обвинителката доби и предупредување од судијката „вие не сте тука да коментирате на се“.
Следното рочиште продолжува со потврдување на изјавите на останатите оштетени на 29 јануари.