
Триесет години живот со над 60 осила. Звучи неверојатно, но семејството Тодорови од штипската приградска населба Три Чешми ги има најуникатните состанари не само во Македонија, но и пошироко. Тврдат, сега не се опасни, и немаат проблеми, но во првите години не било лесно да се живее со инсекти, пренесува Канал5.
– Во првите години со спреј и со други препарати се обидовме да ги избркаме од домот, но тие во рој се нафрлија на мене директно во лице. Страшно беше. Бев во болница. Сепак, сега со нив не е лошо. Веќе не знаат и не не напаѓаат, раскажува Блашка Тодорова.
Во еден момент баба Блашка со нејзниот дедо помислувале да ја напуштат куќата.
– Така е, во еден момент со мојот сопруг, сериозно размислувавме да побегнеме, бидејки животот со осите и осилата бепше неиздржлив, но се се си дојде на свое место, дополни 79 годишната старица.
Како поминувале годините, осите ги оставиле на мира Тодорови. Никогаш не биле на лекар, бидејки како што советува главата на семејството, дедо Мане, имаат уникатен и ефективен лек против убод од оси, пчели и стршлени.
– Осата ќе те касне и потем умира. Ако веднаш го извадиш осилото и ставиш кал на местото на убодот ке немаш оток ниту било какви други последици, советува дедо Мане.
Приказната да биде по интересна, први соседи на Тодорови се Сетинови. Нивни состанари, повеке од четири децении се пчелите. Семејството на Васка никогаш немало проблем со нив. За да има мир во куќа, Васка им пушта класична музика. Најмногу го сакаат Моцарт, не трпат врева ниту лоши зборови, особено пцовки.
– Кога ќе одиш кај пчелите, ако си лут не оди, бидејки тие не трпат лутина, викање, ниту пак сакаат ако си испотен. Во тој случај веднаш ќе те нападнат. Сакаат мир и спокој без врева, ама сакаат и класична музика, најмногу Моцарт, објасни Васка Сетинова – жител на нас. Три Чешми.
Животот на Тодорови и Сетинови со овие, за други лица опасни инсекти е најнормална работа. Не помислуваат да го сменат секојдневието, иако знаат дека опасноста им е на чекор до нив. Најчесто смирени, понекогаш и со прегратка врз пчелините кошници, за нив е најдобра одбрана од лутината на нивните крилести состанари…