Осимхен го одби Челси, оди во саудиски Ал Ахли

Италијанските медиуми објавија дека Наполи и саудускиот клуб Ал Ахли договориле трансфер на Виктор Осимен кој ќе изнесува меѓу 75 и 80 милиони евра, плус бонуси. Осимхен ќе добива плата меѓу 25 и 30 милиони евра, што не можеше да му ја понуди ниту еден клуб во Европа.

Исто така, агентите на Осимхен се избориле во договорот да има откупна клаузула во случај да сака да се врати на европскиот фудбал.

За Осимен беа заинтересирани англискиот клуб Челси и француски ПСЖ, но на крајот нигерсикиот репрезентативец реши да ја напушти Европа и да игра во Саудиска Арабија.

Ал Ахли минатата година заврши на третото место, а Осимен за свои соиграчи ќе ги има Фирмино, Марез, Менди, Кеси, Демирал и други познати фудбалеи кои имаа кариери во европскиот фудбал.