Напаѓачот на италијанскиот фудбалски шампион Наполи и на нигериската репрезентација, 24-годишниот Виктор Осимхен, прогласен е за најдобар африкански фудбалер во 2023 година.
Осимхен, кој со 26 гола беше меѓу најзаслужните што Наполи ја освои титулата шампион на Италија, прва по 33 години, во изборот за играч на годината во Африка, ги надмина Мароканецот Ахраф Хакими од ПСЖ и Египќанецот Мохамед Салах од Ливерпул, кои завршија на второто и третото место.
Ова е најлошиот пласман за Салах на последните пет избори, во 2017 и 2018 година беше победник, во 2019 и 2022 година го зазеде второто место и во двата случиа зад Садио Мане, додека во 2020 и 2021 година наградата не беше доделена.
„Ова е остварување на сонот. Им благодарам на сите кои ми помогнаа на ова патување”, изјави Осимхен, кој стана првиот Нигериец кој ја освоил наградата за најдобар африкански играч по Нванква Кану во 1999 година.