Оскар доби негативна оценка и од Мурињо поради лошата глума

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо, по натпреварот против Саутемптон, кој заврши со убедлив триумф на неговиот тим од 3:0, јавно го критикуваше бразилскиот интернационалец, Оскар, поради неуспешниот обид за одглуми пенал на стартот од второто полувреме.

“ Во таквите ситуации, фудбалерот најчесто игра на најсигурната можна карта, а најсигурно е да изнуди контакт со противничкиот голман. Ако имаше контакт, противничкиот голман ќе добиеше црвен картон, ние ќе добиевме удар од белата точка, ќе погодевме, а домаќинот ќе играше со играч помалку. Сепак во оваа ситуација немаше контакт помеѓу фудбалерот и голманот. Мислам дека судијата Аткинсон ја донесе најисправната одлука. Жолтиот картон мора почесто да се покажува во Англија. Среќен сум што Оскар доби жолт картон. Станува збор за фино момче, но не успеа во намерата да изнуди контакт и со право доби жолт картон. Заслужи жолт картон, но не смееме да заборавиме дека Оскар е фер-играч”, изјави португалскиот стручњак.