
Одговарајќи на прашањата на обожавателите на Твитер, актерката Патриша Аркет (53) открила дека излегувала со маж кој е осуден за брутално силување и убиство на девојка. Станува збор за Марк „Гатор“ Роговски (54), а неговата жртва се викала Џесика Бергстен, јавува „Дејли мејл“.
– Тој беше многу сладок, спортист, се дружеше со моите пријатели… Но, нашиот втор состанок беше малку чуден… Се сплеткавме, но кога ме бакна толку агресивно, едноставно ме исплаши – напишала Аркет.
– На крајот од состанокот намерно му дадов погрешен телефонски број. Години подоцна, дознав дека тој ја убил својата девојка. Поентата на оваа приказна е – секогаш верувајте им на своите инстинкти. А, ќерка ми понекогаш ми приговара дека понекогаш сум премногу заштитнички настроена! – додала оскаровката.
Марк бил популарен во 80-тите години на минатиот век, но поради проблемите со алкохолот, неговата кариера тргнала низбрдо. Откако раскинал со тогашната девојка Бренди Меклејн, која го обвинила за семејно насилство за време на врската, тој почнал да ѝ се заканува нејзе и на нејзиното ново момче.
Џесика Бергстен беше добра пријателка на неговата девојка. Наводно не била во романтична врска со скејтебордерот, но во 1991 година Роговски ја однел на обиколка низ Сан Диего, по што таа исчезнала. Спортистот подоцна признал дека ја удрил во задниот дел од главата со метален предмет, ја врзал за креветот, ја силувал и ја убил. Нејзиното тело било закопано во пустината, а кога полицијата го пронашла, веќе се распаѓало, поради што на почетокот не можеле да ја идентификуваат. Таа имаше само 22 години.
Скејтбордерот го признал своето злосторство на еден пријател верник, кој го убедувал да оди во полиција, а Марк на крајот тоа и го сторил.
Тој бил осуден на доживотен затвор со можност за условно пуштање по 31 година. Одборот за условно ослободување во 2019 година побарал негово ослободување, но гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом го одбил барањето. Роговски може да поднесе нова апликација за условно ослободување во 2023 година.
FOTO: Твитер/Инстаграм