Осквернавени православните гробишта во Љуботен (ФОТО)

Повеќе од 30 гробови се искршени на православните гробишта во село Љуботен,  дознава Телевизија Нова.

Гробиштата се наоѓаат во дворот на црквата Св. Никола во село Љуботен, која е заштитена под Министерството за Култура како културно наследство.

Полицијата извршила увид на лице место и направен е записник.