Лененото семе изобилува со минерали како што се: железо, калциум, натриум и фосфор, како и незаситени органски киселини, линолна киселина и голем број протеини и ензими. Ова семе е идеално за отстранување на мастите и токсините од телото, го подобрува метаболизмот, го намалува нивото на шеќер во крвта и го регулира апетитот.
Чајот од ленено семе ќе го поттикне разградувањето на мастите, а вашето тело ќе се снабди со важните минерали, што е од особено значење при здравото слабеење.
Состојки и подготовка:
1-2 лажици мелено ленено семе
250 мл вода
Сомеленото ленено семе ставете го во ладна вода. Нека отстои неколку часа со повремено промешување. Потоа смесата ставете ја на оган, а откако ќе зоврие гответе уште 5 минути. Потоа процедете.
Ако сакате да го подобрите вкусот можете да додадете некоја билка по ваш избор. на пример, додадете половина лажичка нане, дуња или камилица.
За оптимални резултати, пијте по 2-3 чаши дневно од овој чај, една на празен стомак наутро, односно, половина час пред оброк.
Со редовно консумирање на чајот од ленено семе, вашата кожа ќе стане мазна, сјајна и здрава.