Поранешниот бразилски претседател, Луис Инасио Лула да Силва е ослободен од притвор до завршувањето на жалбената постапка по пресудата против него за корупција. Во април Лула беше осуден на 12 години и еден месец затвор за корупција и перење пари.
Тој беше највисокиот уапсен и осуден функционер во антикорупциската акција на полицијата наречена ,,Пералница за автомобили“. Лула за цело време на судењето тврдеше дека не е виновен и дека обвинението е политички мотивирано. Во тек е жалбената постапка по пресудата. Лила да Силва тврди дека е невин и ги отфрли ваквите обвинувања, оценувајќи дека тие се политички мотивирани.
Анкетите на јавното мислење спроведувани до изрекувањето на пресудата против Лула де Силва во април, укажуваа дека тој би имал најголеми шанси за победа на претседателските избори што треба да се одржат во октомври.
Пресудата за ослободување на Лула доаѓа откако завчера еден од членовите на неговата партија донесе материјален доказ пред судот.
Лила да Силва беше претседател на Бразил од јануари 2003 до јануари 2011 година.