Повеќе од 340 нигериски момченца на училишна возраст кој беа грабнати на северот од Нигерија им се предадени на безбедносни агенти на владата во четвртокот, соопшти гувернерот на сојузната држава Катсина.
Гувернерот Амину Бело Масари изјави во интервјуто за државната телевизија NTA дека се ослободени вкупно 344 ученици ко и биле држени во заложништво во шумите во сојузната држава Замфаре. „Го прифативме повеќето од момчињата, но не и сите“, рече Масари.
Момченцата, за чиешто грабнување одговорноста ја презема исламистичката група Боко Харама, се на пат кон државата Катсина. Ги минале лекарските преглди, а потоа во петок ќе се сретнат со нивните семејства, додаде Масари.
Повеќе од сто вооружени напаѓачи на 11-ти декември влетаа во селско училиште северно до градот Канакре. Некои од учениците успеале да побегнат, но многу од нив биле фатени, поделени о групи и однесени.