Ослободени од вината двајцата осудени за убиството на Маклолм Икс во 1965-та

Во четвртокот се случи неверојатен пресврт во болната историја на американските афроамериканци во САД, откако судијка во Њујорк ги прогласи невини двајцата осуден за убиството на црнечкиот активист Малколм Икс во 1965 година.

Со аплауз од присутните во салата на Врховниот суд на Њујорк, судијката Елен Бибен ги нарече „пораз на правосудството“ осудителните пресуди донесени пред повеќе од половина век за Мухамед Азиз, познат како Норман ТриИкс Батлер, денес 83-годишник, кој беше присутен во судницата, и Калил Ислам, со прекар Томас ФифтинИкс Џонсон кој умре во 2009 година.

Судијката ги ослободи двајцатра откао главниот обвинител на округот Менхетен, Сајрус Венс и одбраната поднесоа барање за поништување на постапката. Њујоршкиот обвините, кој кон крајот на годината заминува од должноста, се извини поради „децениите неправда“ и „неприфатливото кршење на законот и нарушувањето на довербата на јавноста“.

Судот ја обнови постапката дури во февераури 2020 година, откао на стриминг-каналот Netflix беше прикажан документарниот филм „Кој го уби Малколм Икс“ во кој повторно е изнесено сомневањето во присуството на двајцата осудени на местото на убиството.

Венс призна пред судот дека американското правосудство „не може да го врати она што на тие луѓе им е одземено“. Но, „можеме да призанеме дека грашката е сторена и дека била тешка“, додаде обвинителот.

Убиството на Малколм Икс ги потресе САД и стана смбол на политичките и општенствени тензии во земјата во 1960-те години кои ги одбележа и убиството на претседателот Џон Фицџералд Кенеди во 1963 година и уште еден истакнат борец за граѓанските права на американските црнци Мартин Лутер Кинг во 1968 година.