Ослободете се од наслагите со овој напиток

Доколку имате бавен метаболизам вој напиток е вистинското решение за вас.

Потребни состојки:

1 голема круша
100 мл бадемово млеко
50 г немасен јогурт
50 г овесни снегулки
½ лажица мед
1 лажица бадемов путер
½ лажица рендан ѓумбир
Прстофат цимет

Постапка:

Крушата добро измијте ја, исчистете ја од семки и исечете ја на коцки. Ставете во блендер па спојте ја со овесните снегулки, млеко, јогурт, мед, путер и ѓумбир. Матете додека да добиете еднолична смеса. Послужете со прстофат цимет. На здравје!