Кривичниот суд денеска донесе ослободителна пресуда за актерката Силвија Стојановска, која беше обвинета за шверц на кокаин.
Апелациониот суд претходно го врати на повторно судење предметот во кој Стојановска со првостепена пресуда беше осудена на три ипол години затвор поради шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.
Жалба тогаш поднесе и првоовинетиот Воислав Будисављевиќ, кој беше првостепено осуден на седум години затвор. Но, наместо ослободување или враќање на судењето отпочеток како што бараше, Апелација нему му ја зголеми казната на 12 години затвор.